Шок за Бразил: За двајца играчи заврши Мундијалот!

Репрезентацијата на Бразил загуби во последното коло од групната фаза на Светското првенство од Камерун. Сепак, тоа не влијаеше на пласманот на „Кариоките“ во следната фаза, со оглед дека имаа обезбедено претходно пласман во 1/8 финалето и ќе играат со Јужна Кореја.

Селекторот Тите се одлучи да го смени составот и да ги одмори силите, но тој „експеримент“ не мина без последици. Бразилските медиуми јавуваат дека двајца играчи се повредени и за нив Светското првенство е завршено. Станува збор за Габриел Жесус и Алекс Телес.

Претходно се повреди и Нејмар, и не е познато кога ќе се врати на терените.

 

Се вчитува...