Легендарниот бразилски фудбалер Пеле, е преместен на палијативна нега, каде што му се ублажуваат болките и се олеснува отежнатото дишење, јавува бразилскиот „Фолја де Сао Пауло“. Лекарите се одлучиле да ја прекинат хеомотерапијата, затоа што телото на Пеле не реагира повеќе на неа.
Палијативната нега се применува кај пациенти кои боледуваат од неизлечиви болести кои значајно го скратуваат животниот век. Најчесто се користи кај болните од карцином кој е во напреден стадиум.
Пеле во болница бил примен во средата, и објавено е дека ненајавено дошол во болницата и веднаш примен, а лекарите наводно утврдиле вода во белите дробови и затајување на срцето.
На Пеле минатата година му беше отстранет тумор на дебелото цревено, но се утврдило дека има метастази и на други делови од телото.
Pelé has been moved to end-of-life care after he stopped responding to chemotherapy, reports @folha pic.twitter.com/98TFIvvpRN
— B/R Football (@brfootball) December 3, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА