Младиот фудбалер на Трепча, 17-годишниот Ерион Кајтази почина на терен како последица од срцев удар. Веста е потврдена на профилот на клубот.
Фудбалерот кој е од Косовска Митровица, паднал во бесознание на крајот на полувремето, а покрај напорите докторите не успеале да му помогнат.
„Денеска со 17 години не напушти Ерион Кајтази. Не можеме да најдеме зборови да напишеме за тебе, Ерион. Со нас порасна и играше за сите селекции. Планиравме во блиска иднина да одиш во Европа, и на овој ден се простуваме од тебе физички, но не емоционално и духовно. Ери, како што те нарекувавме, засекогаш ќе останеш во нашите мисли. Со голема болка ќе се сеќаваме и никогаш нема да те заборавиме од страна на целиот клуб Трепчка и претседателот“, пишува во објавата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА