Алварез, Меси и Папу Гомез ќе биде напаѓачкото трио на Аргентинците во дуелот со Австралија во второто 1/8 финале кое ќе се игра вечерва од 20 часот. Селекторот Скалони се реши да не отстапува од тактиката, но да му даде шанса на Папу Гомез на десната крилна позиција.
Акуња останува на позицијата лев бек, а не Таљифико, додека Ромеро и Отаменди се најдоа на стоперските позиции. Фернандез, МекАлистер и Де Пол се најдоа на средината на теренот.
Од друга страна, Австралија исто ќе игра со три напаѓачи и тоа Дук, МекГри и Леки. Дегенек, Сутар, Ролс и Бенич се најдоа во одбраната. Иако е прикажано дека Леки ќе игра како крило во формација 4-4-2, се очекува тој да се сели во нападот и да прави проблеми на одбраната на Аргентинците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА