КАТАР НА „КАНТАР“ – ТЕМА И ДИЛЕМА (13): Холандија и Аргентина „без мака“, светските анализи предвидуваат лесни победи утре и за Франција и Англија!

Осврт со најважните моменти кои го одбележуваат мундијалскиот ден. На вага клучните поенти, случувања, теми и дилеми…, кои вреди да се „измерат“ како заокружување на дневните возбудувања во Катар.
================================================================================

ТЕМА НА ДЕНОТ: Франција и Англија нема да имаат никакви проблеми, изненадувањата ќе бидат Јапонија и Мароко!

Холандија и Аргентина почнаа оправдувајќи ја улогата на фаворити во осминафиналните пресметки на Светското првенство 2022 во Катар.

И согласно квалитативните поени, Холанѓаните и Аргентинците, беа со значително поголеми шанси за пласман во четвртфиналето, па на крајот сето тоа го оправдаа.

Светските фудбалски аналитичари предвидуваат дека викендов, низ првите четири осминафинални дуели, воопшто нема да има никакви изненадувања. Холанѓаните беа со 87 квалитативни поени, 12 повеќе во однос на САД, па се изборија за четвртфинале, а со значително поголеми шанси претходно беше Аргентина (дури +24 повеќе од Австралија), па се најде меѓу осумте најдобри.

Според анализите, никакви проблеми утре нема да имаат Франција и Англија кои се со најголеми квалитативни поени во однос на противници, но затоа пак предвидувањата се дека единствено Јапонија и Мароко може да бидат изненадувањата во осминафиналната фаза.

Јапонците во понеделник (5. декември) се соочуваат со Хрватска и се речиси со сосема израмнети шанси, според импакт-статистичките показатели, а и Мароко се издвојува како селекција која може да ја изненади Шпанија. Од осминафиналните фаворити, и Бразил не би требало воопшто да има проблеми на патот до осумте најдобри во дуелот со Јужна Кореја.

РЕКОРД НА ДЕНОТ: Холанѓаните постигнаа погодок со рекорден број непрекинати додавања

Холанѓаните во триумфот од 3-1 против САД постигнаа погодок со рекорден број непрекинати додавања досега во историјата на Мундијалите.

Првиот гол на Мемфис Депај за водство од 1-0 беше постигнат по 20 непрекинати додавања што е рекорд на Холандија на светските првенства.

 

КУРИОЗИТЕТ НА ДЕНОТ: Думфрис е само трет Холанѓанец вклучен во три гола на меч на СП

Дензел Думфрис партиципираше со еден гол и две асистенции во победата на Холандија од 3-1 против САД во осминафиналето во Катар. Думфрис е само трет Холанѓанец во историјата кој на еден натпревар на СП учествувал во три гола на еден меч на својот тим. Претходно тоа им успеало на Јохан Кројф во 1974 година и на Ренсенбринк во 1978 година.

ФОТО НА ДЕНОТ: Меси на патот до височините на Марадона!

Се вчитува...