Фудбалерите на Аргентина ја совладаа Австралија во 1/8 финалето на Светското првенство во Катар. Аргентинците на крајо имаа и среќа, затоа што головите на Меси и Алварез можеби немаше да бидат доволни, ако Емилијано Мартинез не го одбранеше ударот на Австралијците во 95. минута, и така спречи да биде 2-2 и мечот да оди во продолжениија.
Лионел Меси на својот 1000-ти натпревар, постигна гол, а воедно го надмина и Диего Армандо Марадона по бројот на постигнати голови на Мундијалите, со тоа што сега го брка рекордот на Габриел Батистута.
После мечот, Лионел Меси кажа дека Аргентина е неверојатна екипа која што оди кон својата цел – освојување на трофејот.
„Можевме да го завршиме натпреварот и порано, а тие дадоа гол после одбиена топка и почнаа да не притискаа. Освен таа ситуација пред крајот, кога нашиот голман одбрани, не страдавме многу. Поминавме понатаму, и тоа е најважно Беше напорен ден, затоа што имавме многу малку за одмор и многу се изморивме. Физички натпреварот бараше многу. Нашиот тим е импресивен. Кога рекоа дека се игра секои три дена, рековме дека тоа е лудост, но нашата желба беше да се најдеме тука. Сите знаеме што значи да се игра на Мундијал. Останавме единствени, и сега ни следува уште еден тежок меч со Холандија“, изјави Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА