Струга ТЛ ја завери есенската круна со победа над „пандевци“, триумф и за Шкупи, Силекс и Шкендија (ВИДЕО)

Струга ТЛ ја завери есенската круна во Првата македонска фудбалска лига, на едно коло до крајот на првиот дел од шампионатот, со триумфот од 1-0 на домашен терен против Академија Пандев.

Шкендија триумфираше со 1-3 на гостувањето против Македонија ЃП, а со идентичен резултат Шкупи на дуелот во Кичево ја победи Брегалница. Одличен меч и за Силекс кој со 0-2 победи на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци.

Стружани до победата дојдоа со голот на Илиески во 69. минута од средбата…

А, Силекс, пак, победи со 0-2 на гостувањето против Тиквеш во Кавадарци. Кратовци поведоа со голот на Обадовиќ во 72. минута од средбата…

Ристовски во 81. минута по грешката на домашната одбрана ги постави конечните 0-2.

На дуелот во Кичево, Брегалница дојде до водство од 0-1 во 24. минута со ефектниот гол на Херера по шутот од 16 метри.

Во следните минути штипјани имаа можност и за погодок преку Љупче Кудев, но Наумовски одбрани, па во следната акција во 34. минута Шкупи дојде до израмнување со феноменалниот гол на Алварез по шут од 35. минута…

Шкупи поведе на почетокот од второто полувреме во 52. минута со голот на Трапановски, за да поранешниот играч на Брегалница, Пепи Ѓоргиев во 83. минута ги постави конечните 3-1.

Во Ѓорче Петров, пак, Шкендија поведе со 0-1 со погодокот на Љупче Дориев во 19. минута.

Во второто полувреме, Хасани во 51. минута зголеми на 0-2, а откако по само една минута Емир Скендери ублажи на 1-2 за домашните, во 84. минута Дориев по одлична акција ги постави конечните 1-3.




Единствено голови немаше на дуелот меѓу Победа и Скопје во Прилеп.

ПРВА ЛИГА, 17. КОЛО
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1-3
Скендери 52′ – Дориев 19′, 84′, Хасани 51′
Кичево: ШКУПИ – БРЕГАЛНИЦА 3-1
Алварез 34′, Трапановски 52′, Ѓоргиев 83′ – Херера 24′
Прилеп: ПОБЕДА – СКОПЈЕ 0-0
Кавадарци: ТИКВЕШ – СИЛЕКС 0-2
Обадовиќ 72′, Ристовски 81′
Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ 1-0
Илиески 69′

Се вчитува...