ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 16: Мбапе, Де Гол, Кунде и „мешето“ на Шо

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


„Тоа беа луди ноќи, мислиш пијаниот испил метил… Засјај ме мајко, барем како Олег Саљенко.“ (ПРЕКРАСНО)

Друже па ваква неделна посластица да сакаш не моеш да добиеш. Си почиње се со Македонија ЃП со Шкендија. Да бе друже тука кај мене у маало играа си бев да ја поглеам. Добра утакмица друже. Доаѓам дома, домаќинката напраила некое прасенце ми вика еве ко тебе и ова… А ја друже напраен кал лом… Абе на полувреме се симињам да шутнам една коа сум се лизнал на теренон лом, шо да ти кажуем… И така си мезам прасечко со пивце и чекам да почне Полска – Француска…

Идат химни друже, абе коа почна полскана инстинктивно сум станал… Чист инстинкт друже и задњи стих иде ја пеам дома: „Проклет био издајица своје домовине“… Да ти кажам друже и „Марсељезана“ топ химна… Коа и да ја чујам Шарл де Гол ми се појавуе друже… Да бе аеродромот у Париз тој Де Гол… Дај бе друже вие младите знаете ли нешо историја бе… Прецедник беше Шарл, петта република, едно друго, за*би, шо ќе ти кажуем… Него оној Кунде го виде ли со „ланецот“ бе, ко Чика К*ре у „Ране“ друже… Мбапе друже, сува класа, али она судиине бе друже шо е бе она? Господине Венецуела па дајте ве молам шо е оној циркуз у 95. минута на 3-0. Па уше продужуе пет минути, па уше ај ВАР, па ај пенал, па ај после пак пенал…

Друже Енглезине многу јаки… Играат ко Вардар ’87 у Југословенско првенство… Она бекчено, дебелкото шо Мурињо му збореше не знае да трча, добар играч друже… Има мешенце малце, али друже и ја иам меше па на децата у маало уше им држам часови у фудбалче… Меше ти е друже најмашка ствар, добро после брк, онаков швалерски… Шо да ти зборам за утакмицата, рутински енглезите, опасни се друже слушај ме шо ти викам на Француска нема да и биде лесно, да ми веруваш…

Пред втора утакмица тие саат време друже начекуем на „јутјуб“ емисија Арсе Андовски гостин у ТВ „Сонце“. Друже многу разбира фудбал Арсе еј… Добра емисија друже, разбира Арсе фудбал, какво техничарче беше на времето… Ај се глеаме утре друже…

Се вчитува...