Кошаркарите на ФМП во неизвесен и крајно драматичен натпревар, славеа во дуелот против Струмица со 89-80 благодарние на повеќе концентрација во финишот од средбата. Ова воедно беше и дуел на дното, со што Струмичани сега се најдоа на последното место на табелата во Првата лига.
Првата и втората четвртина се одиграа речиси во егал. После првите 19-19, во вторите 10 минути нешто подобра игра на Струмица, и предност за гостите во еден миг и од девет поени, но брзо се врати ФМП и со шест поени намали на само три, што се замина на полувреме со 38-41.
Третата четвртина се играше кош за кош се до пред крајот, кога ФМП со една добра серија дојде до предност од два разлика. Во последниот период речиси ниту еден тим немаше водство кое гарантираше победа, па се менуваа и едните и другите во предноста. Се чини клучно беше периодот кога беше 77-76, по то тука ФМП направи разлика со шест поени, што на крајот се покажаа недостижни за гостите за конечни 89-80, што беше и најголемата предност во текот на целиот меч.
Коскоски од ФМП со 31 поен беше најефикасен, додека кај Струмица Крстајиќ постигна 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

