Актуелниот светски првак Франција, со победа над Полска од 3-1 го обезбеди своето учество во 1/4 финалето. Жиру и Мбапе на оваа средба срушија рекорди, односно Жиру стана најдобар стрелец во историјата на Франција, додека Мбапе го надмина Пеле по бројот на голови на Мундијалите под 24 години.
Жиру го постигна својот 52 гол во дресот на „петлите“ и така стана најефикасен стрелец за светскиот првак, надминувајќи го Тјери Анри.
„Супер чувство, тоа ми беше детски сон, да го надминам Тјери. Тоа е гордост. Но, се надевам дека ќе продолжам со головите. Многу луѓе ми рекоа дека ќе го постигнам ова. Рекордот е сега зад мене, и мислам само на она што следува. Веднаш помислив на моето семејство, на моите деца, пријатели. Одлично е тоа да се случи во текот на Светското првенство“, рече Жиру.
Голгетерот на Франција додаде дека сите во соблекувалната се договориле да останат заедно и дека само така може да дојдат до нов трофеј на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА