Пикфорд најпрво ја спаси Англија, а Хендерсон ја донесе во водство (ВИДЕО)

Прекрасна шанса за Сенегал и удар на Диа, но и прекрасна одбрана на Пикфорд, шанса која најави возбудувања на дуелот меѓу Англија и Сенегал. 

Англија во миговите кога не играше ништо, односно кога Сенегал беше поконкретен, подобар, меѓутоа едно невнимание на африканската селекција донесе предност за Англија.

Белингем асистираше до Хендерсон, кој ретко постигнува голови, но овојпат му успеа за предност на Англија. Сето тоа се случуваше во 39. минута.

Веднаш во следната акција Кејн имаше добра шанса, но го префрли голот.

Се вчитува...