Англија има 2-0 на полувремето против Сенегал, и сигурно чекори кон 1/4 финалето и дуел со Франција. Англичаните сурово ги казнија Африканците, кои имаа една супер шанса во 32. минута, а потоа следуваа и два гола.
Диа се најде во супер позиција, но Пикфорд успеа да одбрани одлично. Ова како да беше момент за будење на Англичаните, кои за кратко време постигнаа два гола и се стекнаа со одлично водство.
Најпрво Хендерсон во 38. минута по една супер добиена топка од Белингем го најде патот до мрежата, за Хари Кејн во втората минута од судиското продолжение на асистенција на Фоден, да излезе сам пред Менди и да погоди во мрежата, постигнувајќи го својот прв гол на Мундијалот.
Англија има 2-0, сега на потег е Сенегал кој ќе мора да нападне ако сака да извлече подобар резултат.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА