Шпанскиот репрезентативец Гави изјави дека целта на неговата селекција е да ја освои титулата на Светското првенство во Катар.
Во вторник од 16 часот Шпанија во осминафиналето игра против Мароко, кој го освои првото место во групата Ф.
„Натпреварот против Јапонија е лекција за иднината. За среќа, тој пораз не остави никакви последици. Јасно знаеме што треба да направиме. Се уште сме фокусирани на целта, да го освоиме Светското првенство. Тоа ќе го постигнеме со тоа што ќе останеме верни на она што го правевме сите овие години. Би било грешка да се откажеме од сето она во што веруваме сега“, рече Гави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА