Валтер: Бидасоа Ирун е одлична екипа, но мислам дека имаме шанса за изненадување

Македонскиот ракометен вицешампион Еурофарм Пелистер во следните две недели ќе одигра двомеч против шпанска Бидасоа Ируна во Европската лига.

Пред три години во двата натпревари од Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер победи во Битола, откако претходно минимално загуб во Баскија. Тренерот Ларс Валтер смета дека Шпанците играат одличен натпревар, но дека неговиот тим има шанси за изненадување.

„Немаме многу време за подготовка за овој натпревар, па затоа важен ќе ни биде тренингот пред натпреварот во понеделник. За жал патуваме во Шпанија без Дејвис, кој се повреди, но во тимот се враќа Павле Атанасијевиќ. Бидасоа Ирун е одлична екипа, играат добро одбрана 6-0 и 5-1, а одличен е и нивниот среден бек. Играат убав, гледлив ракомет и верувам дека ни следи интересен натпревар“, изјави Валтер.

Натпреварот меѓу Бидасоа Ирун и Еурофарм Пелистер е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...