Репрезентативецот на Англија, Фил Фоден, по мечот со Сенегал имаше само пофални зборови за својот помлад колега од репрезентацијата Џад Белингем.
Белингем стана првиот тинејџер кој асистирал во нокаут фаза на Светското првенство од 1966 година, откако тоа му успеа со само 19 години и 158 дена.
„Не сакам да претерувам, особено затоа што тој е многу млад играч, но тој е еден од најталентираните фудбалери што сум ги видел. Нема слабост во играта. Мислам дека тој ќе биде најдобриот играч од средниот ред на светот“, изјави Фоден.
Англија во четвртфиналето ја очекува мега пресметката против актуелниот шампион Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА