ГОСПОДИН ФУДБАЛ – ДЕН 17: Долгометражни аути, Делап, Хичкок, Пеле и фризерите на Нејмар и Влатко Стојановски

Господин фудбал е редок примерок на македонски фудбалски стручњак кој прати се, од Премиер-лига па се до Втора Финска Иконен лига. На времето бил еден од најголемите таленти на ФК Цементарница, но како што вели и самиот други работи го интересирале повеќе од фудбалот (алкохол, цигари и жени) па и затоа не напраил голема кариера. Три пати го има чувано како „задњи везни“ Дарко Панчев кого го има ставено во џеб. Во моментов е невработен и најчесто можете да го најдете во локалното кафуле и обложувалница, каде везден раскажува приказни за некои подобри времиња. Како стручен аналитичар следните 29 дена специјално за ЕКИПА.МК ќе ги анализира и коментира натпреварите на СП во Катар.


„Можеби тивок веќе 37-годишниот фудбалски Моцарт, меѓутоа момент на брилијантност кој што го изнуди најдоброто и од јапонскиот голман Хонда“. (ПРЕКРАСНО) 

Го глеам друже оној Гвардиол, добар играч. Пошо се вика Гвардиол у соблекувална Хрватите, Пеп го викале… Сфаќаш? Пошо Пеп Гвардиола, а овој Гвардиол… Не ме сфаќаш а? Нема врска друже… Не сум ти кажуел друже многу поштуем уметност, а особено долгометражни аути… Е како бе каква уметност долгометражни аути бе друже… Па со самото тоа ко ќе се залета играч од аут, па така ќе ја испрати топката во шеснаес… Тоа е фудбалот бе друже, а не пимплање ко оние од „Ла масија“. Па ти знаеш ли дека најпознат претставник на овој правец во уметноста ти е Рори Делап бе… Друже тоа шо ти е Алфред Хичкок у долгометражни филмови, то ти е Рори Делап у долгометражни аути… Друже ја глеам у кладилница Хрватска и баш за рулет пеналите, доаѓа Џиџи… Да бе селектор шо беше, Вардар го водеше… Тренериште… Со него ги решивме Енглезите у Саутемптон, Шаќири коа го поздрави Семан. И така седиме со Џиџи, Доминик праи ршум на гол и само му викам на малион шо работи дечко пуштај го Младен Грдовиќ и коа почнавме „Није у шолдима свеее, нема те ту крај мене, сва злату нек сја, мати Далмацијаааа“… Друже браво и за Јапанците, супер фубал одиграа, честитки…

Друже она Бразил – Јужна Кореја беше кец ко Стевица Ристиќ у корејско првенство коа играше… Ма се знаеше тоа бе друже… Го глеам оној Нејмар, фризерот од Франција му дошол да му праи иста фризура ко у јуни коа тепале у пријателска исто со Корејците… Ти неам кажувано друже го знам берберот на Влатко Стојановски… Да бе тој у репка шо беше, у Франција шо играше… Сеа у Шкендија е, али замена е Љупче Дориев е таму играчиште… Какви два гола даде викендов… Иначе на крај друже она за Пеле шо го направија, ме разнежни друже… Абе легенда е најголема фудбалска, прочитав нешо ич арен не бил… Солзи на очи ми дојдоа… Бев до кај комшијана Стамен од трети, да бе тој шо сака по 500 денари плус за лифт да ни зима, шо се искарав со него… Друже шо има ја на први да плаќам за лифт исто, ко он на трети… Небитно… Бев кај него му се извинив со солзи у очи, му дадов 500 денари друже, му викам Стамен друже краток е животот за петсто денари да се караме… Се на се друже, до сега се очекувано…

Ај да видиме денеска, некако осеќам дека или Шпанија или рошавиот ќе го попијат… Ајде друже се глеаме утре, поздрав…

Се вчитува...