Осврт со најважните моменти кои го одбележуваат мундијалскиот ден. На вага клучните поенти, случувања, теми и дилеми…, кои вреди да се „измерат“ како заокружување на дневните возбудувања во Катар.
================================================================================
ТЕМА НА ДЕНОТ: „Кариоките“, како никогаш досега, и дефинитивно се колектив кој фудбалски го „гази“ светот!
Бразил и тоа како ита кон шестата светска круна! По 20 години чекање, Бразилците имаат и дефинитивно колектив каков, се чини, никогаш досега во историјата. „Кариоките“ во Бразил се тим во вистинска смисла на зборот, колектив
Наспроти, досегашните состави кај кои можеше да се почувствуваат индивидуалците или „циркузантите“ наспроти колективот, овој пат Бразил е моќен буквално на секоја позиција во тимот функционирајќи максимално колективно и оставајќи досега најдобар впечаток на Мундијалот во Катар.
„Самбата“ се поочигледно царува во Катар. Тоа лесно можеше да се почувствува и на денешниот натпревар против Јужна Кореја, на кој Бразилците одиграа феноменално прво полувреме, а потоа може да си дозволат еден тренинг втор дел.
Бразил досега има пет светски круни, сега и тоа како очекувајќи ја шестата со што со два трофеи повеќе би избегал пред Германија на вечната листа на најдобрите. Последната светска титула за „кариоките“ беше на СП 2002 во Јапонија и во Јужна Кореја, кога во финалето славеше со 2-0 против Германија. Од тогаш Бразилците на четири едноподруго Мундијали не успеваа да дојдат ниту до финалето, за да сега после 20 години чекање живеат за новиот трофеј!
РЕКОРД НА ДЕНОТ: Нејмар во друштво на Роналдо и Пеле
Со погодокот против Јужна Кореја во победата од 4-1 во осминафиналето на Мундијалот во Катар, Нејмар стана само третиот Бразилец кој постигнал гол на три различни светски шампионати.
Пред него тоа им успеало само на легендарните Роналдо и Пеле.
КУРИОЗИТЕТ НА ДЕНОТ: Иван Перишиќ е трет на листата на стрелци и асистенти
Хрватот Иван Перишиќ, по денешниот гол против Јапонија, дојде на третото место на вечната листа на фудбалерите кои имаат најмногу голови и асистенции на светските шампионати.
Перишиќ во 14 натпревари на светските првенства учествувал во 10 гола за својата селекција (6 гола и 4 асистенции). Пред него по вкупниот број на голови и асистенции на мундијалите се само Лионел Меси (8 гола и 4 асистенции) и Килијан Мбапе (9 гола и 2 асистенции).
10 – Ivan Perisic est impliqué sur 10 buts en 14 matches de Coupe du Monde (6 buts, 4 assists). Depuis ses débuts en CdM en 2014, seuls Lionel Messi (12) et Kylian Mbappé (11) font mieux. Leader. #JAPCRO pic.twitter.com/gMJFM5DBdI
— OptaJean (@OptaJean) December 5, 2022
ФОТО НА ДЕНОТ: Јапонците за восхит – Селекторот Хајиме Моријасу почитува навивачи кои знаат да почитуваат национален тим!
Јапонците се пример каков не постои… Селекторот Хајиме Моријасу на крајот од дуелот со Хрватска на овој начин им оддаде признание на навивачите кои пристигнаа да го бодрат својот тим во Катар. Сосема еднакво, пак, навивачите, и покрај поразот, испратија и долг поклон кон фудбалерите и селекторот на Јапонија. Јапонците во Катар им одржаа час по морал на целиот свет, покажаа што значи спортот и во што се крие неговата убавина!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА