Скандал во Катар: Легендарниот Ето нападна и удираше камерман (ВИДЕО)

Легендарниот камерунски фудбалер Самуел Ето, предизвика скандал синоќа во Катар поради инцидентот кој се случил после натпреварот Бразил – Јужна Кореја.

Сегашниот прв човек на камерунскиот фудбалски сојуз се фотографираше со навивачите, но ситуацијата излезе од контрола кога Ето најпрво влезе во вербален дуел со еден камерман, а потоа со колено удри момче кое снимаше.

И натаму нема деталини информации како дојде до физичката пресметка, иако во прв момент се чинеше дека се е во ред, и кое е лицето кое во тој момент ја снимаше камерунската ѕвезда.

Камерун го заврши натпреварувањето со победа над Бразил, но на крајот е елиминирана во групната фаза.

Се вчитува...