После првиот меч на Мундијалот во Катар против Србија, Нејмар не играше на следните натпревари во групната фаза, за да се врати на дуелот со Јужна Кореја вчера. Причината беше повредата на зглобот која ја заработи на дуелот со Србите.
Нејмар призна дека после тој натпревар цела ноќ бил исплашен дека за него Мундијалот е завршен, па дури и плачел цела ноќ.
„Бев многу исплашен. Минав одлична сезона, и да се повредам на Мундијалот е многу тешко. Цела ноќ плачев. Физиотерапијата вредеше. 11 часа дневно бев на терапии, останував до доцна. Но, вредеше целата жртва“, рече Нејмар по мечот со Јужна Кореја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА