Ракометната Федерација на Македонија ќе организира спортски спектакл на почетокот на 2023 година како одбележување на големиот јубилен „30 Години машка ракометна репрезентација“.
Најдобриот национален тим во тој период ќе ги минува подготовките за настап на СП 2023, а периодот ќе биде искористен за одигрување на спектакуларен дуел против актуелната репрезентација и селекцијата на легенди. Мечот ќе се игра на 3 јануари во СЦ „Борис Трајковски“, нема сомнеж дека трибините ќе бидат исполнети, бидејќи на него достојно во репрезентативна пензија ќе бидат испратени Кире Лазаров, Стојанче Стоилов и уште неколку ракометари кои оставија печат врз националниот тим во изминатите години. Како селектори на селекцијата на легендите ќе бидат Звонко Шундовски и Илија Темелковски, двајца поранешни кормилари на националниот тим кои остварија одлични резултати на чело на „црвено-жолтите“.
„Во 1993 година РФМ е примена како членка на Светската Ракометна Федерација, ИХФ. Истата година го имаме и првиот собир на машката репрезентација на Македонија. Исто така, овој спектакл ќе биде идеална можност за испраќање како што доликува на оние ракометари кои дале значаен придонес за македонскиот ракомет во сите овие години“, порачуваат од македонската куќа на ракометот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА