Швајцарскиот напаѓач Брил Емболо оцени дека Французинот Килијан Мбапе во моментов е најдобриот играч на светот и му посака „уште девет гола“ на Мундијалите, колку што е вкупниот број што францускиот фудбалер веќе го постигна.
„Тој е неверојатен. И тој е пример за мене. Многу е одлично тоа што го прави, му честитам. Девет гола на Светското првенство на 23 години, тоа говори за него. Му посакувам уште девет такви голови“, изјави Емболо.
Мбапе постигна два гола и му асистираше на Оливие Жиру за вториот гол на Франција против Полска во осминафиналето. Францускиот фудбалер постигна четири гола на Светското првенство во Русија 2018 година, а пет досега во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА