„Бразилците со радувањата покажаа непочитување кон противникот“

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед и екс репрезентативец на Ирска Рој Кин, го критикуваше однесувањето на репрезентацијата на Бразил во дуелот со Јужна Кореја.

Тимот на Тите победи со 4-1, но она што не му се допаѓа на Кин е радувањето на бразилските фудбалери.

„Никогаш не сум видел волку да се танцува. Ова изгледаше како танц со ѕвездите. Не ми се допадна тоа. Јас знам дека тоа е дел од културата на Бразил, но тоа е непочитување на противнициоте. Се постигнуваат четири гола и на секој гол следува танц. Не ми пречи еднаш, ама тие продолжуваат да танцуваат. Па уште и нивниот селектор се приклучува. Тоа не е добро“, вели Кин.

Се вчитува...