Алвеш: Хрватите имаат слична школа како Србите, мора да ги почитуваме

Фудбалската репрезентација на Бразил се пласираше во ново четвртфинале на Светските првенства, откако во осминафиналето беше подобра од Јужна Кореја со убедливи 4-1. Головите за Бразил ги постигнаа Винисиус, Нејмар, Ришарлисон и Пакета.

Откако го водеше тимот како капитен од првата минута во последниот натпревар од групната фаза против Камерун, 39-годишниот Дани Алвеш влезе на теренот против Корејците во вториот дел. Тој ги откри своите размислувања за нивниот следен противник, Хрватска.

„Тежок противник со многу добри играчи кои играат во големи европски клубови. Фудбалска школа слична на српската, со многу физички интензитет. Мора да се прилагодиме, мора добро да ја испланираме играта. Ќе имаме одличен противник. Овој тим е многу силен, многу мирен. Сега отидовме малку подалеку на патот до целта. Мора да останеме смирени, имаме уште многу работа“, изјави Алвеш.

Се вчитува...