Австралиски фудбалер не одигра ниту една минута, но од Катар си замина со една од најголемите награди

Играчот од средниот ред на Австралија, Камерон Девлин не одигра ниту една минута на Мундијалот во Катар, но го напушти СП со една од најголемите награди откако го размени дресот со Лионел Меси. И тоа не било со кој, туку со дресот со кој Меси го одигра 1000 натпревар во кариерата и постигна гол на тој меч.

Девлин игра за шкотски Хартс, и веднаш по завршувањето на мечот од клупата стигна до Меси и се ракуваше со него, на мечот во кој Австралија беше поразена со 2-1.

„Заминав на теренот прво ги тешев моите соиграчи, и потоа се ракував со Меси. Никој ништо не кажа, па си реков да ја пробам среќата да му го побарам дресот, а тој ми рече: се гледаме во соблекувална. Така и беше“, рече Девлин.

Видеото кој е споделено на интернет, го покажува Меси како го дава својот дрес на Девлин.

„Сакав некои од моите соиграчи да добие шанса, а откако никој не ја искористи, си реков зошто да не. Не знам дали мојот дрес ќе заврши на неговиот ѕид или некаде на под, но не сум нервозен. Бев изненаден тоа што го зема мојот дрес“, изјави Девлин.

Се вчитува...