Шпанија „вртеше-вртеше“, Боно го спаси Мароко – ќе се играат продолженија

Поседот на топката за Шпанија, но повеќе директни удари кон голот имаше Мароко. Меѓутоа голови немаше, па ќе се играат продолженија на средбата, и втора средба во 1/8 финалето во кое ќе се играат дополнителни 30 минути.

Шпанија имаше 75% посед на топката, но малку шанси поради тоа што Мароко играше одбрана позади топка, но Мароканците беа опасни кога ќе се трансфомираат од одбрана во напад. Двата удари беа безопасни да го загрозат Унаи Симон.

Шпанците, пак, тешко доаѓаа до голот на Боно. Нафрлените топки беа непрецизни, а Мароканците беа многу дисциплинирани и борбени во одбраната и на крајот успеаја да ја сочуваат мрежата и благодарение на голманот Боно кој успеа да спаси по центаршут на Олмо во последните секунди од мечот и да одбрани.

Веројатно шансата за победа Мароко ќе ја бара преку пеналите. Евентуално брзите трансформации, но прашање е колку во продолженијата ќе имаат сила за такво нешто.

Се вчитува...