Познати сите четвртфинални дуели на Мундијалот (ФОТО)

Се одиграа сите осминафинални натпревари на Мундијалот во Катар, а вечерва победата на Португалија го даде последниот учесник во 1/4 финалето.

Четвртфиналињата стартуваат на 9. декември во 16 часот кога ќе се сретнат Хрватска и Бразил во битка за пласман меѓу најдобрите четири. Тој меч ќе се игра на  „Едукешјн Сити“ стадионот.

Истиот ден на „Лусаил“ стадионот во 20 часот, Холандија ќе игра против Аргентина. Ден потоа во сабота во 16 часот Мароко ќе се сретна на Португалија на стадионот „Ал Тумама“, додека последното четвртфинале е во сабота во 20 часот Англија против Франција на „Ал Бајт“ стадионот.

За потсетување дека победникот од дуелот Хрватска – Бразил, во 1/2 финалето ќе игра со победникот од Холандија – Аргентина. Подобриот од дуелот Мароко – Португалија, ќе се сретне со подобриот од Франција – Англија.

 

 

Се вчитува...