Португалците вечерва се пласираа во 1/4 финалето на Светското првенство, совладувајќи го составот на Швајцарија со 6-1. Она што беше централна топ тема е оставањето на клупата на Кристијано Роналдо, првпат на овој Мундијал. Тоа беше одлука на Фернандо Сантош, која потоа ќе се покаже како исправна, со оглед дека неговата замена Гонзало Рамош постигна три гола, и така стана првиот играч кој постигна хет-трик на Мундијалот во Катар.
После мечот селекторот Сантош го прашаа дали има проблеми со Роналдо, и поради што го оставил на клупата.
„Кристијано и Рамош се два различни играчи. Нема никакви проблеми со капитенот на репрезентацијата. Пријатели сме со години. Тој е пример за еден капитен“, рече Сантош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА