Роналдо: Ништо од тоа што го пишуваат медиумите не е вистина

Првата ѕвезда на португалскиот фудбал Кристијано Роналдо ги демантираше вестите дека од 1. јануари ќе биде дел од фудбалското првенство на Саудиска Арабија.

Пред некој ден шпанските медиуми лансираа бомба велејќи дека Роналдо се договорил со Ал Наср од Саудиска Арабија. Но, брзо потоа стигнаа деманти дека не е така.

Сега и самиот Роналдо вели дека нема потпишано со тој клуб.

„Не, не е точно, не е точно. Ништо од тоа не е вистина“, изјавил Роналдо по мечот, пренесува Фабрицио Романо.

Се вчитува...