Шаќири: Мораме да и се извиниме на цела Швајцарија

Во последниот натпревар од осминафиналето на Мундијалот, Швајцарија на стадионот „Лусаил“ доживеа тежок пораз од Португалија (1-6).

Еден од најдобрите фудбалери на Швајцарците, Џердан Шаќири по мечот изјави дека тие мора да им се извинат на сите луѓе кои живеат во оваа земја.

„Мораме да и се извиниме на цела Швајцарија, ова не беше нашето вистинско лице. Многу сме разочарани, денеска се видоа нашите недостатоци. Тренерот ни даде план за игра, но тоа не функционираше, постојано бевме чекор поназад“, изјави Шаќири.

Се вчитува...