Миралем Пјаниќ летово донесе неочекувана одлука, да се пресели во Обединетите Арапски Емирати и да го облече дресот на Шарјах. Станува збор за клуб од третиот по големина град во ОАЕ, но Пјаниќ не е најсреќен таму откако досега одигра осум меча и постигна два погодоци.
Ниту во клубот не се презадоволни од скапо платената ѕвезда, па Пјаниќ сериозно ја разгледува опцијата за враќање назад во Европа. Во преден план за интернационалецот од БиХ е камбек во Калчо-лигата, каде настапуваше за Рома и за Јувентус, а сега лесно може да се случи да го облече и дресот на Фиорентина.
Италијанските мдими тврдат дека „виолетовите“ го обновиле интересот за ветеранот. Тој летово ја одби нивната понуда и се пресели во Шарјах, но Пјаниќ сега значително ги намалил финансиските барања, па исполнети се сите предуслови за негово враќање на Апенинскиот полуостров. Останува само уште да се добие зелено светло од раководството на клубот од Обединетите Арапски Емирати, нешто што самиот фудбалер ќе мора да го издејствува за да си ја исполни желбата да се пресели во Фиренца.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

