Познатиот портал за статистика „Софаскор“, го објави идеалниот тим на 1/8 финалните натпревари. Интересно е тоа што во идеалниот тим се најдоа по еден фудбалер од елиминираните Јапонија и Шпанија.
Ендо, фудбалерот од средниот ред на Јапонците имаше добра партија, но неговата селекција испадна. Од Хрватска, пак, во идеалната постава се најде голманот Доминик Ливаковиќ кој одбрани три пенали на Јапонците и така ги однесе „коцкастите“ во следната фаза. Од Шпанците, пак, имаше место за стоперот Родри кој се најде во идеалниот тим.
Во идеалниот тим место имаше и за четири играчи на Португалија, кој со 6-1 ги „разби“ Швајцарците. Така покрај Гонзало Рамош, кој е најдобро оценет играч со 9.8, тука се и Бруно Фернандеш, Гереро и Далот. Од Бразил се најде само Тиаго Силва, додека од холандија се Блинд и Дамфрис.
Од Франција се најде името на Мбапе, кој имаше два гола и една асистенција на дуелот со Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА