Баерн Минхен успеа да се рехабилитира од лошиот старт на сезоната, но германскиот тим предводен од Андреа Тринкијери повторно го чека тежок период со оглед на тоа што нема да може да смета на услугите на еден од најстандардните играчи во составот Владимир Лучиќ.
Српскиот интернационалец заработи повреда на лактот, а и покрај тоа што не се знае точниот термин за враќање на паркетот прогнозите се дека ќе отсуствува најмалку еден месец. Покрај 33-годишниот Србин во „аут“ се и Августин Рубит, Кори Волден и Ник Вајлер-Баб кои заработија повреди на мечот против Олденбург.
Германскиот евролигаш по 11. одиграни натпревари се наоѓа на 15. место на табелата со учинок од четири победи и седум порази. Во следното коло во елитното натпреварување го очекува гостински меч против Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА