Зинедин Зидан одби неколку одлични понуди чекајќи да стане селектор на Франција по завршувањето на СП во Катар. Сепак, шансите тоа да се случи значително се намалија откако првиот човек на Француската Фудбалска Федерација, Ноел Ле Грае му искажа поддршка на актуелниот селектор Дидие Дешамп да продолжи со водењето на националниот тим и во иднина.
Договорот на Дешамп истекува на крајот од годинава, а Ле Грает ја отвори широко вратата за продолжување на соработката со стратегот кој ја донесе светската круна пред четири години.
„Кога имате селектор како Дидие Дешамп, воопшто не ги разгледувате останатите опции. Ако ме прашувате за мое лично мислење, за Франција не постои подобар селектор од Дидие Дешамп. Кажете ми, како ќе најдете некој подоба од него. Ова го говорам како претседател на федерацијата, не како пријател“, изјави Ле Грает.
Отворената понуда е на маса, а се очекува Дешамп непосредно по завршувањето на настапот на Франција на СП да ги отстрани сите дилеми, дали ќе остане на селекторската функција или ќе му го отстапи своето место на Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА