Мароко е вистински хит на овој светски шампионат, африканската селекција за прв пат во својата историја стигна до едно мундијалски четвртфинале, а меѓу најзаслужните е Софијан Амрабат, 26-годишниот фудбалер на Фиорентина кој води беспоштедни битки на средината од теренот.
Амрабат важи за лидер на средниот ред на Мароканците, квалитет што се очекува да му обезбеди и трансфер веќе во јануарскиот преоден рок, и тоа во редовите на англискиот гигант Ливерпул. Француските медиуми објавуваат дека Јирген Клоп уште пред ова светско првенство се сретнат со агентот на Амрабат, а имал разговори и со самиот фудбалер. Преговорите се оценуваат како „крајно позитивни“, а за крајот на годинава е најавена и нова средба, на која би можел да биде постигнат целосен договор околу трансферот.
Ливерпул мака мачи со средниот ред поради бројните повреди од стартот на сезонава, прва желба на Клоп е ангажман на Белингем од Борусија Дортмунд, но за тоа ќе мора да се почека до крајот на сезонава. Во меѓувреме, Амрабат би бил добредојден за експресно покривање на дупката во тимот на „црвените“, за што би биле издвоени 20 милиони евра.
Sofyan Amrabat’s Instagram story. 😂😂😂 pic.twitter.com/5iqv0JVXrO
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) December 7, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА