Шок во Аеродром: Ајви си замина од МЗТ Скопје!

Историјата се повторува за МЗТ Скопје секоја година, па така и оваа еден од клучните кошаркари на аеродромци го напушта клубот. Станува збор за Американецот Бре Ајви, кој денеска побарал и веднаш добил раскин на договорот со македонскиот првак, поради парите што му се должат.

Ајви дојде во МЗТ Скопје пред крајот на ланската сезона од Академија ФМП, беспрекорната соработка со тренерот Петровиќ од тимот од Кисела Вода ја продолжи и во дресот на аеродромци, па беше меѓу најзаслужните и за освоената шампионска титула минатото првенство. Тој беше важен играч во ротацијата и на стартот од сезонава, но долгот кон него стана преголем, по што Ајви реши среќата да си ја побара што подалеку од МЗТ.

Заминувањето на овој одличен кошаркар доаѓа во најлош можен момент, само неколку дена пред клучниот дуел со Борац Чачак за опстанок во АБА-лигата.

Тој е вториот играч што го напушта МЗТ Скопје во рок од само неколку дена, по македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски, јасен доказ дека работите воопшто не се розови за шампионот, колку и да сака управата да го сокрие тоа.

Се вчитува...