Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи одговори на гласините дека клубот од Париз би можел да потпише договор со Кристијано Роналдо.
Португалскиот репрезентативец неодамна го раскина договорот со Манчестер Јунајтед, а во вторникот демантираше дека постигнал договор со Ал Наср од Саудиска Арабија.
„Со оглед на тоа што ги имаме Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар, не гледам смисла да потпишеме договор со Роналдо. Без разлика, му посакувам многу среќа. Тој е неверојатен фудбалер“, изјави Ал-Келаифи.
Роналдо кариерата ја почна во Спортинг Лисабон, а играше и во Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус. Португалија во сабота ќе се сретне со Мароко во четвртфиналето на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА