Светските обложувалници веќе ги објавија коефициентите за освојување на светската шампионска титула во Катар, притоа издвојувајќи го Бразил како прв фаворит за круната.
Коефициентот дека Бразил ќе го освои трофејот изнесува само 2,80, а по Нејмар и компанија како втор фаворит е бранителот на титулата, Франција со коефициент – 5,00. Следат Португалија и Аргентина со еднаков коефициент – 7,00, а потоа Англија – 7,50 и Холандија со коефициент – 15. Интересно на дното на оваа листа со најмали шанси за освојување на титулата се Хрватска и Мароко со коефициент од 35.
Очигледно обложувалниците максимално го потценуваат актуелниот вицешампион Хрватска кој од осминафиналистите, заедно со Мароко, е со најмали шанси.
Прв фаворит, пак, во трката за наградата најдобар фудбалер на Мундијалот во Катар е Килијан Мбапе за кого коефициентот е 2,50, а по него следат Лионел Меси (коефициент 5,50) па Нејмар и Бруно Фернандеш со коефициент – 15. За Хрватот Лука Модриќ коефициентот е дури 70…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА