Милан го купува најскапиот играч во историјата на Премиерлигата!?

Милан низ престојното лето ќе реализира сензационален трансфер, со најава дека клубот ќе биде активен на трансфер-пазарот уште во јануари во желбата да се стигне Наполи во трката за шампионската титула.

Сепак, Малдини и Масаро, како главни оперативци на Милан, кога се во прашање засилувањата на тимот планираат долгорочно па веќе имаат план за летото 2023. Тогаш главна мета на Милан ќе биде 27-годишната ѕвезда на Манчестер сити, Џек Грилиш, најскапиот играч во историјата на Премиерлигата за кого Сити на Астон Вила му плати дури 117,5 милиони фунти.

Милан се подготвува на лето да заработи со продажба на Рафаел Леао, одличниот Португалец, а на негово место да го донесе Грилиш. Леао има договор до јуни 2024, па ако одбие потпишување нов договор тогаш Милан ќе мора да го продаде како би заработил на португалскиот репрезентативец.

Сити, од друга страна, сака да го продаде Грилиш затоа што англискиот репрезентативец никогаш не успеа да се наметне како еден од клучните играчи во тимот на Пеп Гвардиола, а прескапо е платен за да не биде првотимец. Сити е наводно подготвен да го пушти Грилиш за околу 70 милиони евра отштета.

Се вчитува...