„Мурињо така перфидно ги лажеше судиите, свесен дека ни самите не го знаат тоа бизарно правило“

Португалскиот стратег Жозе Мурињо остави силна трага во Челси кого го водеше до три наслови во Премиерлигата во два мандати.

Поранешниот играч и капитен на Челси, Џон Тери открива дека Жозе имал „неверојатно правило“ на чија основа ги лажел дури и судиите. Мурињо толку внимавал на секој детал, па тоа и влијаело да дојде до успесите.

„Мурињо сакаше само да победуваме. Не го интересираше ништо друго. Беше подготвен буквално на се за да има предност над противникот на терен“ – вели Тери и продолжува:

„Се сеќавам, имаше правило ако водиме со 1-0 и топката е испорачана во казнениот простор… ако двајца дефанзивци се заедно и двацата паднат на терен тогаш не мора да го напуштиш игралиштето. Последните 15 минути од мечот, мене и на Гери Кејхил ќе ни кажеше: ‘Кога топката ќе дојде во казнениот простор, погрижете се двајцата да паднете – удрете се некако еден со друг и двајцата паѓајте, затоа што двајцата не може да ве извади од терен’“.

Правилото беше, ако еден играч падне или се повреди тој мора да биде изваден надвор од терен и играта продолжува. А, ако се двајца „настрадани“ нештата се поинакви, мора да останат на терен да им се укажува помош и тоа е одлично за губење време…

„Никогаш претходно не бевме чуле за тоа правило. Но, Мурињо тие работи до детал ги знаеше. Тоа е тој пропуст во системот, и Мурињо знаеше да го искористи“ – вели Тери.

Многумина во светот не се воодушевени од начинот на игра на Мурињо и неговото разбирање на фудбалот, но и тоа како се воодушевени од начинот на кој освојуваше трофеи.

Се вчитува...