Контроверзниот претседател на УФЦ, Дена Вајт, остро зборуваше за фудбалот како спорт. Во тек е Светското првенство во фудбал кое се одржува во Катар.
Големата еуфорија предизвикана од најгледаниот спортски настан очигледно го налути американскиот бизнисмен, чија вредност се проценува на околу 500 милиони долари.
„Не можам да го поднесам фудбалот. Мислам дека тоа е најнеталентираниот спорт на светот. Има причина зошто едно тригодишно дете може да игра фудбал. Само трчаш наоколу и ја шутираш топката. Тоа е спорт за најнеталентираните. Знаеш ли колку треба да си неталентиран за да не ја погодиш таа мрежа?“, вели Вајт.
Вајт е на различни места во УФЦ од 2001 година, кога тој и неговиот брат го купија брендот за два милиони долари. Од тогаш до 2015 година вредноста на брендот се зголеми на 600 милиони долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

