Шпанскиот судија, Матеу Лахос ќе го суди четвртфиналниот натпревар меѓу Аргентина и Холандија кој на програмата на Светското првенство ќе се одигра утре.
Матеу Лахос е еден од најнеомилените ликови во Каталонија, поради големиот број на одлуки кои ги донел на штета на Барселона, а во корист на Реал Мадрид во шпанскиот шампионат.
Лео Меси како една од најголемите легенди на каталонскиот фудбал нема добра историја со овој судија, па ќе биде интересно да се види нивниот дуел на утрешниот меч во Катар.
Натпреварот меѓу Аргентина и Холандија кој ќе се игра утре е закажан за 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА