Не издржа и сестрата на Роналдо и ги нападна „очајниците и лицемерите“ (ФОТО)

Откако во текот на вчерашниот ден се јави сопругата на Кристијано Роналдо, Георгина, не издржа и неговата сестра Елма Авеиро која се огласи преку социјалните мрежи со реакција за случувањата во португалската репрезентација и незадоволството на нејзиниот брат од статусот кој го има во селекцијата.

Роналдо очигледно не беше задоволен што почна од клупата на дуелот против Швајцарија, па сето тоа наиде на критики по социјалните мрежи од страна на навивачите на Португалија. Па, неговата сестра Елма, како по обичај, се јави во одбрана на својот брат.

„Би ги замолила очајниците и лицемерите да не зборуваат гомненици за мојот брат. Не ја гризете раката што ве храни. Подржувајте ја Португалија, кој и да игра за неа. Португалија е екипа, не е само Роналдо. Честитки за тимот, за селекторот, а посебно за Роналдо. Тој ќе биде вечен. Горда сум на тебе, на се што си и што претставуваш на овој свет. Остани таков каков што си“ – напиша Елма.

Роналдо деновиве е во центарот на вниманието на светската фудбалска јавност. Иако се заколна во деца дека поважно му е репрезентацијата да стане светски првак од неговиот личен учинок, постапува спротивно на тоа. Денеска дури и најави можност за заминување од репрезентацијата на сред Мундијал!?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elma Aveiro (@elma_oficial)

Се вчитува...