Хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен смета дека танцот на бразилските фудбалери по секој постигнат гол не претставува непочитување кон противникот.
Многу се зборуваше за прославата на секој од четирите гола што Бразил ги постигна во победата против Јужна Кореја во осминафиналето на Мундијалот (4-1). Дејан Ловрен вели дека славјето на Бразилците не го доживува како желба за понижување на ривалот.
„Не гледам никакво непочитување таму. Мислам дека Бразилците се раѓаат со танцување, играње, тоа е дел од нивната култура. Искрено, секој може да прави што сака по голот, јас немам проблем со тоа“, изјави Ловрен.
Бразил и Хрватска својот натпревар го играат в петок од 16 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА