Холанѓаните прескокнуваат пречка по пречка, а Луј ван Гал се погласно и смело споменува дека неговиот тим може да биде светски шампион во Катар. Угледниот холандски стручњак ги „оживеа лалињата“, кои под негово водство се уште немаат доживеано пораз, откако повторно седна на клупата на оваа репрезентација во 2021 година.
По СП во Катар, странските медиуми пренесуваат дека Ван Гал ќе се одлучи за веројатно најголемиот предизвик во неговата богата кариера. Холанѓанецот флертува со белгиската фудбалска репрезентација која остана без селектор по елиминацијата од Мундијалот. Роберто Мартинез поднесе оставка, а Ван Гал не ја крие можноста да биде негов заменик.
Медиумите и аналитичарите сметаат дека Холанѓанецот е главното решение бидејќи го има потребниот авторитет да ги доведе ѕвездите во потребниот ред за постигнување завидни резултати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА