Шејн Ларкин поради повреда го пропушти стартот на новата сезона, а се врати на теренот во вторникот за натпреварот од турското првенство против Бјукчемече и одигра 18 минути, но на истиот повторно заработи повреда.
Американецот мораше да го напушти теренот и не се врати во игра, но првичните информации носат добри вести за навивачите на актуелниот европски шампион.
Очекувањата за бекот да го пропушти престојниот натпревар од Евролигата против литвански Жалгирис, но да му биде достапен на тренерот Атаман за следната седмица во која Ефес го очекува двојно коло во елитното натпреварување против Басконија и Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА