Мамиќ: Хрватска да ги има Влаховиќ и Митровиќ, би играла финале

Поранешниот челник на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ ги коментираше настапите на Србија и на Хрватска на Мундијалот во Катар.

И додека Хрватска и натаму е присутна на Мундијалот, и ќе игра 1/4 финале со Бразил, Србија беше елиминирана уште во групната фаза. Мамиќ смета дека Хрватска да имала напаѓачи како Влаховиќ и Митровиќ, сигурно би играла финале на СП.

„Секогаш ме прашуваат зошто Србија ги нема резултатите на Хрватска. Одговорот ми беше едноставен и ист додека не дојде Стојковиќ. Положував голема надеж во него, и би рекол дека периодот на Србија пред него и после него не е ист, но сега гледам дека на СП се покажаа старите српски навики. Хрватите од репрезентацијата направија држава. Неверојатно е колку граѓаните се обединети околу репрезентацијата. Тоа е во домет на фанатизам. Србите тоа не го направија. Во некој момент имаат двојно подобри играчи од нас, но никогаш не направија репрезентација. Би рекол дека репрезентацијата ја создаваа во кафулиња и ресторани“, рече Мамиќ.

Истакна дека Србија рано испадна од СП.

„Србите многу неуредно изгледаа на ова СП. Многу лошо се однесуваа, а во тактичката недисциплина не сакам да зборувам. Мислев ќе одат до крај, но… Хрватска да би имала напаѓачи како Влаховиќ и Митровиќ, би стигнала до финале. Секој чест на Петковиќќ, Будимир, Ливаја, Крамариќ, но овие двајца се друга димензија“, рече Мамиќ.

Се вчитува...