„Комити“ ќе бојкотираат во петок: Нека видат како е пред празни трибини оние кои ставаат глупави термини

Навивачите на Вардар „Комити“ најавија дека нема да присуствуваат на натпреварот од последното есенско коло помеѓу Вардар и Кожуф бидејќи во последен миг бил променет терминот, и истиот ќе се игра во петок.

Дуелот требаше да се игра во сабота како сите останати второлигаши мечеви, но бил преместен ден порано. Дуелот се игра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари.

„Поради промена на регуларниот термин на одигрување на првенствените натпревари, одлучивме да не присуствуваме на последното коло, кое според изменетиот распоред треба да се одигра во петок (9.12.2022) со почеток од 13:00ч. Нека видат како е пред празни трибини, тие што ставаат глупи термини!“, се вели во објавата на „Комитите“.

Се вчитува...