Јапонската фудбалска репрезентација на аеродромот во Нарита беше пречекана од огромен број навивачи, воодушевени по натпреварите на Светското првенство во Катар. „Самураите“ беа на прием и кај премиерот Фушимо Кишида.
Јапонците беа едно од најпријатните изненадувања на планетарниот шампионат. Тие стигнаа до осминафиналето каде по изведувањето на пенали беа елиминирани од Хрватска.
И покрај испаѓањето, тие се гордоста на јапонската нација, што се виде и од пречекот на нивните сограѓани на аеродромот.
PM Kishida: Today I received a courtesy call from the #SAMURAIBLUE (Japan national football team).
Thank you for providing us with so much inspiration and courage and for teaching us the importance of taking on challenges!@kishida230 pic.twitter.com/LekZN4HkEh
— PM’s Office of Japan (@JPN_PMO) December 8, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА