Кака: Роналдо во Бразил е само дебел човек кој оди по улица

Поранешниот фудбалер на Милан и Реал Мадрид, Кака вели дека многу Бразилци не ја поддржуваат репрезентацијата и смета дека Роналдо е многу повеќе ценет во странство отколку во Бразил.

Кака се пожали од односнот на Бразилците кон националниот тим и смета дека „кариоките“ не добиваат соодветна поддршка и признание.

„Изгледа чудно ова што ќе го кажам, но многу Бразилци не го поддржуваат Бразил. Доколку сега помине Роналдо тука, сите ќе речат „Леле“. Тука ќе го гледаат поинаку. Во Бразил, тој е само дебел човек кој оди по улица. Секако, многу Бразилци го обожаваат Роналдо, јас го сакам Роналдо, но начинот на кој е почитуван во Бразил и странство е многу различен, мислам дека повеќе е ценет во странство отколку во Бразил“, изјави Кака.

Бразил денеска од 16 часот ќе се сретне со Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство.

Се вчитува...