„Натпреварите ќе траат по три дена доколку сите танцуваат како Бразилците“

Фудбалерите на Бразил на карактеристичен начин ги прославуваат головите на Светското првенство во Катар, меѓутоа не сите се воодушевени од танцот на Бразилците. Еден од нив е и Рој Кин кој упати остри критики и кон селекторот Тите.

Ирецот вели дека тоа е знак на непочит и доколку сите репрезентации прославуваат голови како Бразилците еден натпревар ќе трае по три денови.

„Не разбирам како еден селектор може да танцува додека трае еден натпревар, а има противнички селектор на десет метра од себе. Се работи за почит. Танцувајте по крајот на мечот во соблекувалната или во ноќен клуб. Зошто е во ред Бразил тоа да го прави сред натпревар? Ако сите играат како нив натпреварите ќе траат по три дена. Знаете што треба? Кога тренерите ќе добијат професионална лиценса треба да им покажат како се танцува. Заборавете ја тактиката“, вели Кин.

Се вчитува...